На Јаревски слабо му оди економија: Би сакал фокусот да биде на зголемување на просечната и максималната, а не на минималната плата

t

Во вечерашната емисија „Директно“ зборуваше Тони Јаревски, кој е пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и магистер по економски науки. Тој истакна дека законите треба да се почитуваат, и сите страни да бидат задоволени во донесување на одлуките.

„Ќе се трудиме да се исполнат колективните договори, законските одредби, и легислативата која ја детерминира оваа проблематика. Во тој дел целосно се сложувам. Самата легислатива е направена за да може да се направи основа сите права да бидат задоволени, а од друга страна да имаме основа за развој на државата. Законите треба да се почитуваат. Јас се сеќавам кога се донесе формулата. Ова не е изолиран остров. Сите страни да седнат и да бидат задоволни во донесување одлуки за овој процес“, изјави Јаревски.

Дополнително тој истакна дека неговиот став е насочен кон зголемување на просечната и максималната, но не и на минималната плата.

„Предвидено е 7% раст на платите и 10% раст на пензиите, така да од тој аспект јас не би сакал генерално фокусот да биде на минималната плата, но сум за зголемување на просечната и максималната плата“, рече Јаревски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Францускиот претседател смирено по „протекувањето“ на пораката:…

Францускиот претседател Емануел Макрон реагираше откако американскиот…

Што вели Путин и кој е ставот…

Прашањето за Гренланд повторно се најде во…

Не е на арно… Русија е отворена…

Русија и САД одржуваат контакт во врска…

Превозниците излегуваат на протест: Следува блокада на…

До сите трговски друштва кои вршат увоз,…

МВР подготвува нова апликација за увид и…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави…