На 10 дена до ЕУ самитот ни остана само надежта
На 10 дена до самитот на Европскиот совет на 23 и 24 јуни, Брисел не испраќа друг сигнал освен надеж за Северна Македонија. За време на престојот во Скопје, пратеник во Европскиот парламент, дел од Мешовитиот комитет меѓу ЕУ и Македонија, рече дека сега е време да се додели датум.
Марион Валсман, член во Европскиот парламент, Мешовит парламентарен комитет на Делегацијата на ЕУ за Северна Македонија
„Мислам дека сите со нетрпение го очекуваат Советот на Европската унија. Шефовите на држави и влади на земјите-членки се залагаат да се постигне брзо решение и недоразбирањето меѓу Бугарија и Северна Македонија да има позитивен исход. Советот ќе знае во јуни, а најдоцна во октомври како ќе се реши проблемот и ќе се даде датумот“.
Во рамки на заложбите во оваа насока, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ престојува во дводневна посета на Брисел, на средби со претставници на Европскиот парламент и на Европската комисија.
„На средбата со генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи, Стефано Санино, се согласивме дека ова е вистинското време да се искористи за почеток на преговорите на Унијата со Северна Македонија и Албанија. Секој отпор и воздржаност на ЕУ кон Западен Балкан дополнително ќе ја намали атрактивноста на Унијата и ќе го поткопа нејзиниот кредибилитет во регионот, рече Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања.
Маричиќ утре ќе присуствува на конференција за напредокот на Западен Балкан кон интеграциите, а ќе се сретне и со комесарот за проширување Оливер Вархеји и со бугарскиот европратеник, известувачот за Северна Македонија, Илхан Ќучук
Извор: Алсат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…