На 28 корисници на дивечот во ловиштата им се врачени 67 нови договори за одгледување и заштита на дивечот во ловиштата
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска на 31.07.2024 на 28 корисници на дивечот во ловиштата им врачи 67 нови договори за одгледување и заштита на дивечот во ловиштата. Овие договори се во важност до објавување на јавен повик за давање на користење на дивечот во ловиштата и со нив се уредува одгледување и заштита на дивечот во ловиштата.
Во јули месец, на овие 28 корисници на дивечот во ловиштата востановени на територијата на Република Македонија, а кои со договор за користење/концесија стопанисуваа со 67 ловишта им беа истечени договорите за користење/концесија на дивечот во ловиштата.
Започнавме со решавање на сите оние отворени прашања и проблеми во ловството во Македонија, воспоставуваме ред и контрола над дивечот во ловиштата, го подигнуваме ловството како стопанска гранка на повисоко ниво. Jа подобруваме општата ситуација во ловиштата во Република Македонија, конечно ќе имаме нормално и функционално користење на дивечот во ловиштата – истакна Трипуновски.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во наредниот период ќе распише јавен повик за давање на користење на дивечот во ловиштата за 72 ловишта востановени на територијата на Република Македонија.
Средени и одржувани ловишта тоа барање од страна на ловечките друштва ќе биде исполнето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривични пријави за тројца од Подградец кои…
Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…
(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…
На социјалната мрежа Х се појавија видеа…
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Таравари постави за директорка докторка која има…
Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…