На 79 години Роберт де Ниро стана татко по седми пат
Актерот Роберт де Ниро стана татко на седмо дете.
79-годишниот актер го коригирал новинарот на ЕТ Канада кој му се обратил со „татко на шест деца“.
Само што го добив седмото дете, му рекол Де Ниро, а неговиот портпарол денеска за Page Six потврдил дека актерот навистина станал татко по седми пат.
Името и полот на бебето не се познати.
Не е потврдено ниту која е мајката, но неговата девојка Тифани Чен (64) минатиот месец е фотографирана со труднички стомак.
Ѕвездата на „Такси“ стана татко во 1971 година, кога тој и неговата тогашна сопруга Дијана Абот ја добија ќерката Дрена, која денес има 51 година. Поранешниот пар го има заедно синот Рафаел (46).
Покрај тоа, Де Ниро ги има близнаците Арон и Џулијан (27) со поранешната девојка Туки Смит, како и синот Елиот (25) и ќерката Хелен (11) со поранешната сопруга Грејс Хајтауер.