На 9 септември 1913 година започна Охридско-Дебарското Востание: Еден од првите облици на отпор против распарчувањето на Македонија

t

На денешен ден започнало Охридско-дебарското востание, еден од првите облици на отпор против Букурешкиот мировен договор, пишува Илија Димовски на Фејсбук.

“History for dummies, let’s read…

На денешен ден 9 Септември 1913 година и официјално започнува едно од најголемите востанија

на македонскиот народ, предводено од ВМРО.

Ова востание е еден од првите плодови на револтот на населението на новите окупатори после потпишувањето на Букурешкиот договор и распарчувањето на Македонија.

Името на ова востание е Охридско-Дебарско востание.

Во востанието покрај македонското население масовно учество има и албанското население од западна Македонија предводено од своите првенци кои биле во јасна и отворена соработка со ВМРО.

Востанието започнува на денешен ден, со ослободување на градот Дебар и воспоставување на народна власт во која учествувале и Македонци, но и Албанци и Турци.

После неколку дена востаниците успеваат да ги ослободат од српска власт и градовите Охрид, Струга и Кичево, со планови за понатамошно ширење кон Битола и Прилеп.

Востанието е задушено со ангажман

на целата кралска српска војска, но и дополнителни 100.000 мобилизирани српски војници,

како и ангажман на кралската грчка армија.”, напиша Димовски на Фејсбук.

ЛИНК од објавата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ