НБРМ го додава српскиот динар на курсната листа!

t

Советот на Народната банка на седницата одржана на 13 октомври 2022 година, донесе Одлука за начинот на формирање и објавување на средните курсеви на Народната банка, со која меѓу другото српскиот динар се додава во курсната листа на Народната банка.

Одлуката ќе почне да се применува од Курсната листа формирана на 1 ноември 2022 година.

„Со вклучувањето на српскиот динар во листата на валути кои може да се купуваат и продаваат на девизниот пазар се отвораат можности за поедноставување на економската соработка и се дава поттик на економските субјекти во интензивирање на трговските и финансиските текови меѓу двете земји, имајќи предвид дека Србија е еден од позначајните трговски партнери на нашата држава. Истовремено, може да се очекуваат и поволни ефекти и во поддршка на услужните дејности, со оглед дека е значен бројот на туристи од оваа наша соседна држава“, се вели во соопштението од Народната банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Нови протести против ископувањето на литиум во…

Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…

В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…