НБРМ повторно ја зголеми каматната стапка на благајничките записи!

t

На 15 ноември 2022 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на монетарната политика.

На седницата на Комитетот беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за 0,75 п.п. до нивото од 4,25%. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари. Согласно со зголемувањето на основната каматна стапка, зголемени се и каматните стапки на кредитот преку ноќ, расположливите депозити преку ноќ и на седум дена, исто така за по 0,75 п.п. Исто така, на седницата одржана на 14 ноември, Советот на Народната банка донесе одлука за промена на стапките на задолжителна резерва на банките, заради натамошно стимулирање на штедењето во домашна валута.

Измената на овој инструмент, којашто е четврта по ред оваа година, опфаќа зголемување на стапката на задолжителна резерва на банките за обврските во странска валута од 18% на 19%. Зголемен е и делот од задолжителната резерва во странска валута којшто банките го исполнуваат во евра, од 75% на 77%, со што се зајакнува ефектот од промената во овој инструмент. Се очекува дека со мерката ќе се засилат започнатите промени во каматната политика на банките и дека банките ќе понудат поповолни камати за сите категории денарски депозити, придонесувајќи за посилен раст на штедењето во домашна валута. Истовремено, со оваа промена би се придонесло за оптимално управување со ликвидноста.

Со овие промени, Народната банка го задржува континуитетот на затегнување на монетарната политика користејќи поширок сет монетарни инструменти, коешто започна уште од крајот на минатата година, заради одржување на стабилноста на девизниот курс и на среднорочната ценовна стабилност. Уште минатата година Народната банка преку интервенции на девизниот пазар и други инструменти активно управуваше со ликвидноста. Од април па наваму постојано се зголемува основната каматна стапка, а дополнително се направени промени и кај депозитите преку ноќ и на седумдневните депозити. Ваквата монетарна поставеност е поддржана и зајакната и со неколкуте промени кај инструментот задолжителна резерва насочени кон намалување на евроизацијата, како и со системски мерки, односно со воведување противцикличен заштитен слој на капиталот од 0,5%, со што дополнително се јакнат заштитните механизми во банкарскиот систем.

Промените во поставеноста на политиката на Народната банка се реакција на зголемените ценовни притисоци. Инфлацијата во последните месеци забрза, за што растот на цените на храната има најголем и растечки придонес. Тоа го нагласува влијанието на увезените ценовни притисоци од храната и енергијата врз домашната инфлација, врз коишто монетарната политика нема директно влијание. Сепак, имајќи ги предвид преносните ефекти и подигнувањето на инфлациските очекувања, овие поместувања во инфлацијата наметнуваат потреба од монетарна реакција. Со оглед на врзаноста на нашата валута со еврото, при одлучувањето влијаат и промените во монетарната политика на Европската централна банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Курсна листа на НБРМ: Ова е денешната…

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…

Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото…

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…

Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото…

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…

Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото…

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…

Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото…

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…