НБ: Годишен раст од 29,1% на бројот на трансакциите со платежни картички
На редовната седница, Советот на Народната банка ја донесе Програмата на истражувачката активност за периодот 2023 ‒ 2025 година. Истражувачката активност на Народната банка на Република С. Македонија во следниот тригодишен период ќе биде насочена кон области коишто се од значење за остварувањето на нејзините основни цели, особено областите како монетарната политика, интеракцијата меѓу основните макроекономски сектори, макроекономското моделирање, финансиската стабилност, макропрудентната политика и банкарскиот систем.
За првпат во Програмата за идни истражувачки активности се предвидуваат истражувања во доменот на финансиската инклузија, дигитализацијата и влијанието на климатските промени, како актуелни теми коишто бараат особено внимание. Оваа програма дава основа за изготвување релевантни аналитички и истражувачки материјали, како важен елемент во носењето на политиките, за натамошно осовременување на работењето во НБРСМ, како и за подготовка за идното учество во Европскиот систем на централни банки.
На денешната седница, членовите на Советот на Народната банка ја усвоија и Годишната информација за плаќањата во Република Северна Македонија во 2021 година. Советот заклучи дека промените на навиките на граѓаните и компаниите, во вид на сѐ почесто ползување на придобивките од дигитализацијата на пазарот на платежни услуги, и натаму се видливи преку зголеменото користење на платежните картички и дигиталните канали за извршување на плаќањата. Статистиката покажува дека бројот на плаќањата преку платежните сметки на корисниците на платежни услуги во државава во текот на 2021 година изнесувал 176 милиони, што е повеќе за 26,7% од бројот на плаќањата во 2020 година.
Воедно, во 2021 година е забележан висок годишен раст од 29,1% на бројот на трансакциите со платежни картички, што придонесе за зголемување на нивното учество од 1,1 п.п. во вкупниот број плаќања, коешто достигна 58,1%. Истовремено, кредитните трансфери иницирани електронски забележаа годишен раст од 32,5%, што придонесе за умерено зголемување на нивното учество (23,2%) во вкупниот број плаќања, за сметка на намалувањето на учеството на кредитните трансфери иницирани на хартија, коишто учествуваат со 18,7% во вкупниот број безготовински трансакции.
Од аспект на инфраструктурата на плаќањата, бројот на платежните картички на крајот од 2021 година изнесуваше 2,1 милион, при што картичките засновани на бесконтактна технологија коишто овозможуваат извршување брзи и ефикасни плаќања преовладуваа во вкупниот број платежни картички (68,3%). Растот на бројот на контактно-бесконтакните картички воедно беше проследен со истовремен раст на бројот на уредите за извршување бесконтактни плаќања, на уредите на физичките места на продажба коишто поддржуваат бесконтактни плаќања, раст на бројот на банкоматите со функција за депонирање готовина, како и на уредите за електронски трансфер на средства на физичките и виртуелните места на продажба, како поддршка на сѐ поголемата употреба на дигиталните бесконтактни плаќања во текот на пандемијата на ковид-19.
Истовремено, на 9-тата седница Советот разгледа и други точки поврзани со редовното работење на Народната банка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…