Небиу: Очекувам владејачката коалиција да го изгласа предлогот во Собранието – Отфрлање би значело ќорсокак
Очекувам дека владината коалиција ќе има доволна парламентарна поддршка за да го изгласа предлогот во Собрание, и дека тоа наскоро и ќе се случи. Сценариото на отфрлање на францускиот предлог од страна на СДСМ во овој момент не мислам дека е реалистично со оглед на развојот на настаните и позиционирањето на партиите во однос на францускиот предлог, вели во разговор за „Локално“, политичкиот аналитичар Бесим Небиу.
Според него, отфрлањето на францускиот предлог би значело ќорсокак за европските интеграции на среден до долг рок.
-Сличен, а најверојатно и подолг од оној 2005-2015 година. Во таква ситуација сите политички партии би се репозиционирале себеси и политичките агенди, а владината коалиција во овој состав веројатно би станала неодржлива и за кратко време би оделе на избори, објаснува тој.
Небиу смета дека нема потреба во однос на францускиот предлог да се распише референдум.
-Ниту една земја нема спроведено референдум за прифаќање или отрфрлање на рамка за преговори за членство во ЕУ. Оттаму, не мислам дека тоа треба да го направи ни Македонија.
И по координацијата во Собранието, партиите остануваат на своите цврсти позиции околу францускиот предлог за кревање на ветото и отворање на патот за македонските евроинтеграции.
Од владејачкото мнозинство останува на позицијата дека не може да се промени преговарачката рамка и дека пратениците треба да гласаат само за заклучоците за информацијата за францускиот предлог.
Опозицијата, пак, инсистира на промена на преговарачката рамка и да го објави билатералниот протокол без кој, според нив, беспредметно е Собранието да расправа и да носи заклучоци.
Извор: Локално
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Да имаше стабилна влада во Бугарија…
Портпаролот на коалцијата ВЛЕН, Фари Хисени вели…
Бугарија ќе ја добие втората жена премиер…
Бугарскиот премиер Румен Радев ја назначи Горица…
Се огласија од Бугарија: Мицкоcки манипулиpа, има…
Националното претпријатие за железничка инфраструктура, кое е…
Бугарскиот парламент забрани промоција на нетрадиционална сексуална…
По повеќе од 4 часа дебати и…
Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…
Двометарски нилски крокодил живее во јама на…