Николоски не смее ниту името да му го спомене на Заев
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во изјава за медиумите беше запрашан како го коментира тоа дека бизнисменот Миодраг Дака Давидовиќ е ставен на црната листа на САД.
-Да ја потсетам македонската јавност дека оваа влада на СДСМ и ДУИ беше формирана на 30 август 2020 година, веќе на 31 август, утредента Советот на општина Тетово во тоа време со градоначалник од ДУИ, Теута Арифи усвои спорен детален урбанистички план кој што проценката беше дека треба да вреди некаде околу 200 милиони евра, на земјиште кое што претходно припаѓаше на комбинатот „Шик Јелак“ кое што во спорни и сомнителни околности во меѓувреме го стекна бизнисменот Миодраг Дака Давидовиќ. Во тоа време презентирав докази дека се работи за пари од сомнителен капитал кои што можеби потекнуваат и од војните во поранешна Југославија кои што Македонија стигнуваа преку офшор компании од Панама, сето тоа го презентирав во јавноста, рече потпретседателот Николоски.
Николоски во врска со овој случај посочи дека обвинителство до денес го нема испитано целиот овој случај.
-За жал до денес обвинителство не смогна сили да го испита целиот овој случај. Се сеќавате дека во тоа време излегоа и одредени податоци во јавност дека има можна вмешаност на владини функционери и можна корупција. И сето тоа се нотира во она што е соопштение на САД кое што го ставаат на црната листа Миодраг Дака Давидовиќ што за мене е еден јасен сигнал дека она што сме го зборувале било вистина, но во исто време е и добра порака за целиот регион, тој е од Црна Гора и е една порака дека и таму треба да се демократизираат работите, кажа тој.
Сепак Николоски не се дрзна да го спомене името на поранешниот премиер Зоран Заев кој тогаш според него беше еден од главните инспиратори на оваа криминална афера.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во своето гостување во емисијата “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија кажа дека Зоран Заев и Драги Рашковски стојат позади финансискиот проект тежок неколку милиони евра во Тетово на Миодраг Давидовиќ – Дака.
-Од каде се парите со кои Миодраг Давидовиќ – Дака ќе гради во Тетово? Во прислушкувани разговори се слуша како Давидовиќ – Дака треба да се сретне и се сретнува со Зоран Заев. Потоа тоа го признава и Заев, а и Дака, дека доколку се заврши работата ќе треба да се дадат уште два милиони евра и да се даде земјиште, како и локација за бензиски пумпи во овој детален урбанистички план. Во тој момент тоа беа само разговори и индиции. Само што се направи коалицијата на СДСМ и ДУИ на 30 август, на 31-ви август советот на општина Тетово на Теута Арифи изгласа спорен детален урбанистички план за фантастични неверојатни 230 илјади метри квадратни развиена површина. Или тоа се некаде околу 2000 станови со 8 илјади нови жители или половина урбан дел од Аеродром во Скопје. Заработката е потенцијални 200 милиони евра чист профит за инвеститорот, рече Николоски.
Се поставува прашањето зошто Николоски зборува за „некои функционери“, а не за Заев и Рашковски и дали причината за тоа е коалицијата на Мицкоски со екс-премиерот и претсеател на СДСМ.
Оливер Спасовски вели дека не е навреден затоа што не бил на тајните средби меѓу Заев и Мицкоски, за кои вечерва практично потврди дека се случиле.
Новинарот Попетревски го праша министерот Спасовски дали бил навреден што тој не бил дел од групата која била на тајни средби со Мицкоски.
– Не бев на таа средба и немам зошто да бидам навреден, јас сметам дека некој во тоа време проценил дека треба да напрваи некаков тим кој ќе разовара за одредени прашања во СДСМ, тоа го направиле, разговарале заеднички и жалам што ги пренесоа тие разговори во јавноста.
На петти јануари во Струмица на ручек Ахмети сака изворно од Заев да слушне што разговарал со Христијан Мицкоски и затоа иницира средба, на која присуствувал и Оливер Спасовски.
– Јас бев на 05.01 во Струмица по повик на Ковачевски кој не присуствуваше на средбата, да бидам присутен и на покана на Заев, вели Спасовски.
А најдобра потврда за соработката на Заев и Мицкоски е можеби фотографијата токму на Николоски на средба со еден од најблиските соработници на Заев, Венко Филипче.

Во образложението на американските власти, зошто му се воведуваат санкции на контроверзниот црногорски тајкун Миодраг Давидовиќ – Дака, спомнати се и поранешниот премиер, Зоран Заев, и поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.
Според американското министерство за финансии “тој (Дака, з.р.) беше исто така посочен во скандалот кој што доведе до апсење на Драги Рашковски, генерален секретар на владата на Република Македонија, инаку врвен соработник на поранешниот македонски премиер Зоран Заев. Рашковски наводно добил поткуп од Давидовиќ, со цел да овозможи средба со премиерот Заев и остварување на бизнис интересите на Давидовиќ.”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…
Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…