Невработеноста во Македонија во 2023 година изнесувала 13.1 процент
Согласно најновите податоци на Државниот завод за статистика, во 2023 година, стапката на невработеност во Македонија изнесувала 13,1 процент.
Имено како што е наведено во соопштението на ДЗС, активното население во Република Северна Македонија изнесува 791.647 лица, од кои вработени се 688.296, а 103.351 лица се невработени.
– Стапката на активност во овој период е 52,3, стапката на вработеност 45,4, додека стапката на невработеност изнесува 13,1 отсто – пишува во соопштението.
Од ДЗС потенцираат дека овие резултати не се споредливи со претходните години поради имплементацијата на новата Регулатива (ЕУ) бр. 2019/1700 на Европскиот парламент и Советот, како и соодветната извршна регулатива на Комисијата (ЕУ) бр. 2019/2240 во областа на работната сила, поради што Регулатива (ЕЗ) бр. 577/98 е укината.
– Примената на новата регулатива предизвика промени во истражувањето, вклучувајќи ги промените во дизајнот на прашалникот, редоследот на прашањата, преместување и додавање нови прашања, како и промени во опфатот и дефинициите за вработеност и невработеност. По извршената анализа е утврдено дека промените имаат влијание врз работоспособното и неактивното население поради промената на возраста (од 15 до 79 на 15 до 89 години), додека кај активното население промени не се забележани. Споменатите промени предизвикаа прекин на временските серии на податоци за работоспособното и неактивното население – укажа Државниот завод за статистика во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
Невработеноста во првото тримесечје годинава е 12,9%
Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…