Објавено на:

Невреме со град во Демир Капија

t

Невреме со врнежи од град ја зафати попладнево општината Демир Капија. Од локалната самоуправа за МИА изјавија дека допрва ќе се утврдува колкави се штетите од врнежите на градобијни зрна. Најмногу врнежи од град имало во потесното подрачје на Демир Капија. 

Има оштетувања врз виновите лози и дрвцата, земјоделските култури по дворовите. Засега нема точни информации каква е состојбата со земјоделските култури надвор од населбата. Евентуалните поголеми штети таму, би се утврдувале дополнително, со комисиско излегување на терен, нагласија од Општината, додавајќи дека по невремето, во Демир Капија имало и прекин на електричната енергија.

Од ЦУК информираа дека од УХМР добиена е информација за нестабилност, дека стационарна нестабилност со пороен дожд и грмежи подолго време се задржува во подрачјето околу Кавадарци, Неготинио и Демир Капија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Невремето прави хаос – падна дрво пред…

Големото невреме и град кои вечерва го…

Снежно невреме предизвика сообраќаен хаос во Њујорк

Снежното невреме во американската сојузна држава Њујорк…

400 населени места во Украина останаа без…

Речиси 400 места останаа без струја во…

(Фото) Страшно невреме во Бугарија и Романија,…

Две лица загинаа во невремето во Бугарија…

Утре поројни врнежи и силен ветер

 УХМР соопшти дека утре времето ќе биде…