Негативен природен прираст во второто тримесечје: Повеќе починати отколку родени

t

Природниот прираст во земјава и во второто тримесечје од 2025 година останува негативен и изнесува -1.135 лица, што значи дека бројот на починати е поголем од бројот на живородените деца за толку лица.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во овој период се родени 3.741 деца, што претставува намалување од 4,2 % во однос на истиот квартал лани.

Бројот на починати лица изнесува 4.876, што е зголемување од 1,2 % во споредба со второто тримесечје од 2024 година. Од нив, 13 се доенчиња.

Во вториот квартал од 2025 година биле склучени 2.792 бракови, што е раст од 8,1 % во однос на истиот период претходната година. Регистрирани се и 545 разводи, што претставува мало зголемување од 0,4 %.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Негативен природен прираст во второто тримесечје: Повеќе…

Природниот прираст во земјава и во второто…

Европејците се против испраќање војници во Украина

Според најновите податоци, јавното мислење во клучните…

Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт основните трошоци…

ВМРО-ДПМНЕ за една година ја доведе државата…

„Се подготвувале да го преземат Гренланд“: Огромен…

Данската влада ги повика американските вршители на…

Марта Кос: Важно е да се испорачаат…

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос по средбата…