Негриески удри по Владата: Потрошија 820 милиони евра по ставка “расходи” и никој не знае зошто, ама нема пари за повисоки плати на административците
Барањата се едноставни, да се израмнат платите согласно минималната плата донесена од страна на Владата, вели Стефчо Негриески, од конфедерација на слободни синдикати во гостување во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа.
Негриески додаде дека во државната администрација има луѓе кои што имаат работен стаж повеќе од 25 години но се уште се под прагот на минималната плата, додавајќи дека еден референт со средно образование зема поголема плата од факултетски образовен службеник.
-Во државната администрација каде што сум и јас синдикален претставник има луѓе кои што имаат 20, 25 години стаж кои што веќе останаа испод овој праг на минимална плата, рече тој.
Дојдовме во ситуација еден референт кој што има завршено средно образование денеска со овие последните измени на кои што им се додели зголемување на плата само на тие кои што беа под прагот на минимална плата, да земаат повисока плата од факултетски образование луѓе кои што денеска се вработуваат во државна администрација. Тоа е недозволиво, прво е надвор од материјалниот закон за административни службеници каде што е точно пропишано како се зголемува плата на администрација, буквално законот е ставен адакта бидејќи согласно член 88 од законот за административни службеници значи платат се зголемува со вредноста на бодот и тоа го носи владата со проста одлуката. Ништо повеќе, и барањата се во таа насока, да се усогласат платите согласно порастот на минимална плата, истакна Негриески.
На прашањето дали има реакција од страна на власта за можни преговори, Негриески вели дека владата не реагира на нивните барања, како и дека тие не бараат покачување, туку покривање на инфлацијата која што во првите три месеци статистички согласно Државниот завод за статистика изнесува 7,5 проценти.
-Власта не реагира. Власта спрема државаната администрација е во комотна позиција, реално. Јас како синдикален претставник секојдневно слушам поплаки од мои колеги дека платата е ниска, но доколку е организираат протести тие не доажаат и се собираме во многу мал број. Ние во суштина не бараме покачување, ова што сега го бараме едноставно е покривање на инфлацијата, која што само во првите 3 месеци од оваа година изнесува 7,5 проценти статистички, кажа тој.
Негриески потенцираше дека владата лани потрошила 820 милиони евра под ставка расходи и никој не знае за што точно ги потрошила тие пари, а вели дека нема пари за покачување на платите во државната администрација.
-Изговорот на владата е дека нема пари во буџетот, но јас ќе ви кажам дека има. Значи од 2016 година до денеска масата на пари за плати во целиот јавен сектор, изнесувала 420 милиони евра вкупно, за бруто плати, денеска во 2022 година предвидени се 520 милиони евра. Значи зголемување од 100 милиони евра, претежно од нови вработувања. Масата на пари за плати е зголемена само за 100 милиони евра, а буџетот наш во 2016та година бил 3 милијарди и 100 милиони евра, за во 2022 година да е предвиден на 4 милијарди и 400 милиони евра. И шуте една многу битна работа, ова се анализи од министерството за финансии и државниот завод за статистика, значи владата наша лани потрошила под ставка други расходи, не знаеме кои се тие 820 милиони евра, за годинава да потрошат 805 милиони евра. Епа ако вие трошите 800 милиони евра по таа ставка тогаш како викате дека немате пари, праша Негриески.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зибери: Зголемен бројот на Албанци, намален бројот…
Констатација е дека речиси сите помалубројни заедници…
Алити во Брисел истакнал дека деполитизирана и…
Министерот за администрација, Адмирим Алити, во рамки…
МИОА: Новиот закон ќе ја деполитизира администрацијата
Законот за висока раководна служба е сосема…
Негриески удри по Владата: Потрошија 820 милиони…
Барањата се едноставни, да се израмнат платите…
Дали ќе има уште еден штрајк? Владата…
Властите и ССМ го започнаа социјалниот дијалог…