Објавено на:

Неделава се отвора вратата од пеколот! Алармантно предупредување од Белата Куќа

t

Иранскиот напад врз Израел би можел да се случи оваа недела, според Белата куќа. Тоа се совпаѓа со сознанијата на израелските разузнавачки служби, кои добија информација дека за неколку дена ќе биде извршен голем ирански напад.

Според извори на израелските медиуми, тамошните разузнавачки служби добиле ваква информација во неделата вечерта за голем напад. Моменталната проценка на Израел е дека Иран ќе изврши напад пред во четврток да се одржат обновените разговори за прекин на огнот и договор за заложници. Вооружените сили (ИДФ) веднаш ја информираа јавноста дека армијата е подготвена да одговори на секаков вид закана.

Израел на сите начини се подготвува за она од што се плаши целиот свет – регионална војна – а фокусот е на виталната инфраструктура и комуникациите, кои наводно ќе бидат една од целите на нападот.

„Мобилната телефонија е критична во вонредна ситуација“, рече Инбал Машаш, генерален директор на Министерството за комуникации.

„Властите се обидуваат да обезбедат нормално функционирање на мобилните комуникации дури и во случај на 24-часовен прекин на електричната енергија. Затоа на владините министри, градските власти и координаторите за итни случаи им беа обезбедени сателитски телефони, а Starlink на SpaceX наскоро ќе биде достапен да обезбеди интернет конекција во општините“, рече Машаш

На израелските градоначалници веќе им се дадени сателитски телефони, а по малку заборавените преносни радија би можеле да бидат спас за информации во случај жителите да се преселат во засолништа.

Израел се подготвува за уште посилни напади, па обезбедени се залихи со гориво за електраните доколку се наруши редовната испорака.

„Купивме бескрајни количини. Исто така, по 7 октомври и ненадејниот напад од Хамас, го зголемивме нивото на безбедност во сите електрани“, рече Тамар Феклер, потпретседател за операции, логистика и безбедност на IEC, најголемио добавувач нат електрична енергија во земјата.

Поморските платформи за природен гас се изложени на ризик од напад од Хезболах. Во случај на сеопфатна војна на северот, Израел ќе одлучува за исклучување на платформата од случај до случај, иако целосно исклучување е малку веројатно, изјави анонимен израелски функционер, цитиран од Блумберг.

Но, дури и краткото затемнување може да го отежне информирањето на израелската јавност за ситуацијата за време на нападот, што ги натера властите да инсталираат резервни генератори напојувани од дизел или литиумски батерии на повеќе од половина од кулите за мобилни телефони во северен Израел, вклучително и во пристанишен град Хаифа. Во трговскиот главен град Тел Авив, десетици јарболи се поврзани со генераторите на блиските деловни или општински згради.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ристовски: Ќе финансираме исклучиво талентирани идни олимпијци,…

Нема да финансираме олимписки туризам како што…

Неделава се отвора вратата од пеколот! Алармантно…

Иранскиот напад врз Израел би можел да…

Во Турција уапсена жена која ја критикуваше…

Во Измир вчера е уапсена една жена…

Рајо размислува за експресно враќање на Димитриевски?!

Македонскиот голман Столе Димитриевски би можел да…

Пукање на Косово: Непознати лица влегле во…

Две маскирани лица упаднале во семејната куќа…