Неделковски го повика Стефковски на јавно соочување: Да расчистиме за Ист Гејт, донациите, истрагите за местење на тендери!

t

Бидејќи градоначалник е одговорност а не функција, ќе ти се обратам по име.

Бобан Стефковски знам дека комфорт зоната на апсолутна власт страшно ти прија, но, ќе се одважиш ли на ТВ соочување јас и ти пред цела јавност?

Ајде да расчистиме за многу работи од минатото кои ги презентираш како иднина во услови на мизерна сегашност.

• Ајде да ги судриме фактите за работењето на Борис но и за работењето на Трајановци, Трајковци и сите останати 30 години вклучително и тебе.

• Да расчистиме за успесите на ФК Скопје и КК Феникс. За твоето наводно влијание за доделување маркици во општината.

• За изградбата на Ист Гејт Мол но и за вонредната седница со единствена точка на дневен ред за молот како помина и беше изгласана.

• За основното училиште Вера Јоциќ но и за Крсте Мисирков. За градинката и спортската сала во Стајковци но и за градинката во Керамидница. Да расчистиме и за албанските паралелки во ООУ Његош.

• Да расчистиме за твојата пријава за мојата донација во градинката Детска Радост, но и за твоето не баш сјајно минато и пресуда за нелегални трговии. За твоите наводни закани кои си ги добивал но и за физичкиот напад врз мене пред мојата куќа.

• Би сакал да поразговараме и за отворената истрага на обвинителството против тебе Жаклина Пешевска и нејзиниот сопруг за местење услови за тендер.

• Да расчистиме за реваншизмот и бркање од работа уште не влезен во општината пред три години. Колку пари во буџетот беа оставени а колку се потрошени денес и за што.

Бобан, јас и ти сме вистинската адреса за одговори на сите овие прашања, а судот нека бидат граѓаните на Гази Баба и целокупната јавност.

По не знам кој пат ќе потенцирам, митот за бастион на #дпмне во Гази Баба ќе биде повторно срушен на следните локални избори!

*Фејсбук статус на Влатко Неделковски од ЛДП

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

104-годишна бабичка скокнала со падобран

Една 104-годишна жена од Чикаго се надева…

Кавадарчанец и давал хероин на малолетната сестра…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе…

Дeдo co шипka гo прeтeпaл внyкoт и…

Почина 6-годишното момче кое беше претепано со…