Неделковски: Стефковски наследи полна каса и готови проекти за да направи хаос

t

Дека општина Гази Баба ги живее своите најмрачни три и пол години веќе не е прашање на компарации со некој претходник, туку реалност и факт за кој говорат граѓаните, пишува Влатко Неделковски во објава на Фејсбук.

– Бобан Стефковски наследи полна каса, готови проекти кој само требаше да ги пресече лентите на проектите, за жал сведочевме дека не знае ниту ножички да држи а не пак да ја извршува одговорната функција градоначалник.

Покрај општиот хаос кој владее и ја уништува свесно општината за личен интерес и на своите пајташи околу него, заборави на основните потреби за живот. Вода и воздух. Дефекти во секое населено место и немање одвод, довод, канализација. Раштак е оставен без вода на високи температури.

Мрачни улици без осветлување.

Вардариште гори. ЈКП Гази Баба постои единствено како платен список на партиски кадри кои донираат дел од своите плати во партијата дпмне. Тонеме во зарази, ѓубришта. По улиците и парковите наместо дечиња шетаат змии, стаорци, улични кучиња и мачки.

Институциите заборавени пропаѓаат. Основните училишта, градинки. Пред извесно време кога решив да донирам потребни материјали за нормално функционкрање на градинката Детска Радост во Автокоманда инаку обврска на општината и оној човек кој го нарекуваат градоначалник, добив опструкции и претставка точно од Архимедова, седиштето на општината.

Денес после неколку месеци излегоа на површина сведоштва на родители од “Детска Градинка 25 мај,, во Јурумлери со обвинување дека за своите дечиња се грижи хигиеничарката само два часа во денот а се плаќаат 6-7 часа. Едната негователка на одмор, втората на боледување, децата оставени на милост и немилост, родителите во очај, Бобан Стефковски во џип со обезбедување.

Да му олеснам на дотичниот дека секрет не би фрлиле на него, а не некој да го нападне. Но, тоа е тоа. За да бидеш Сашо Мијалков треба да имаш стил.

Многу пати до сега испратив јасна порака до сите граѓани и општинската администрација. Вие ги броите своите последни месеци и денови. Ова ви го порачуваат и граѓаните од терен на кој немате стапнато. Го пренесов интегрално.

ГАЗИ БАБА ЗАСЛУЖУВА ГРАДОНАЧАЛНИК ! – стои во објавата на Фејсбук.

ЛИНК од објавата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ