Неделков: Знам дека владата е под притисок ама и ние немаме избор со штрајкот, членството притиска

t

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, вечерва во дневникот на Сител рече дека не верува оти некој сака да ги измами во преговорите со Владата за прекин на штрајкот и зголемување на платите.

-Сѐ ќе излезе на виделина. И двете страни во две работи се согласуваме дека платите треба да се зголемат и втората работа е дека сакаме што побрзо да се прекине штрајкот. Тоа ни е заедничко во интерес на учениците и родителите. Ова испаѓа дека сме влегле во штрајк со ветување дека ќе имаме зголемување на платите. Ова не е бадијала. Членството ќе одлучи за понатака, рече Неделков по денешната неуспешна средба со министерот за образование Јетон Шаќири.

Според него, целта е поткрепена со факти.

-Нашите членови беа незадоволни и иницираа ова да се случи. Ние разговаравме и дадовме предлог. Имаше реторика од министерот дека некои од владата не сакаат да се преговара поради овие услови. Знаеме дека под притисок е владата, но и СОНК е под притисок на членството. Работиме во нивен интерес. До утревечер и петок изутрина да имаме предлог, за да можеме преку викендов да го разгледаме. Немаме друг избор“, вели Неделков.

-Не сме разговарале за црвени линии. Владата мора да сфати дека сме во незавидна ситуација како Синдикат. Ова не е одлука на раководството. Мора нешто да ни понудат, за да го разгледаме. Очекуваме притисоци и во училиштата“, додава претседателот на СОНК.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СОНК не ја прифаќа одлуката на МОН…

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура…

Тасевски: Контрола на летање ќе штрајкува на…

Синдикатот на Контрола на летање М-НАВ денеска…

Обвинителствата: Услови како да се вработуваат во…

Несериозниот пристап кон проблемот со платите на…

Контролорите на летање ќе штрајкуваат поради партиски…

Контролорите на летање ќе штрајкуваат поради партиски…

Премногу работеле? Вработените во обвинителствата на штрајк

Вработените во обвинителствата бараат повисоки плати и…