Недобронамерни вести од Државниот завод за статистика: Нов пад на работниците во индустријата

t

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2,6 проценти во август 2025 во однос на август 2024 година, објави Државниот завод за статистика.

Според нивните последни податоци, бројот на работниците во август 2025 година, во однос на август 2024 година се намалил во секторот Рударство и вадење на камен за 1,7 проценти, во секторот Преработувачка индустрија за 2,7 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,6 отсто.

– Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2025 година, во однос на август 2024 година, се намалил во групите Енергија за 1,8 отсто, Капитални производи за 7,1 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,2 отсто. Додека се зголемил во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 7,3 проценти и Интермедијарни производи, освен енергија за 1 отсто – се посочува во соопштението на Државниот завод за статистика.

Погледнато од почетокот на годината, бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2025 година, во однос на периодот јануари – август 2024 година, се намалил за 3,8 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Недобронамерни вести од Државниот завод за статистика:…

Бројот на работниците во индустријата е намален…

ДУИ: Промотивната конвенција на ВЛЕН во Скопје…

Испраќајќи фотографија, за која велат дека е…

Коалицијата „Сите за правично судење“ за Пулс:…

Доколку обвинението за кочанската трагедија не е…

Полицајци на пешачки со мобилни телефони го…

Фотографија на која полициски службеници користат мобилни…

Рочиштето на Штекли одложено, добил еден вид…

Рочиштето за случајот „Штекли“, во кој повеќе…