Објавено на:

Недостиг на работна сила во Германија: Шест од десет работни места се непополнети

t

Институтот за германска економија денеска објави дека Германија има потреба од квалификувана работна сила.

Само во секторите за здравство, социјална заштита и образование, шест од десет работни места не се пополнети поради недостиг на соодветна работна сила. 

Федералната влада објави дека во последните години расте бројот на пензионери, односно лица кои наполниле 67 години, а се активни на пазарот на трудот.

„Во март, бројот на непополнети работни места за кои работодавачите не можат да најдат соодветна работна сила се зголеми за дополнителни 88.000 и сега изнесува рекордни 558.000“, се вели во соопштението на Германскиот економски институт, кој се повикува на свое истражување.

Овој проблем трае со години. Германија увезува работна сила од многу земји, меѓу кои се и балканските. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фолксваген укинува 35.000 работни места во Германија…

Најголемиот европски производител на автомобили Фолксваген ќе…

Саудиска Арабија ја предупредила Германија за осомничениот…

Саудиска Арабија ја предупреди Германија за човекот…

Напаѓачот во Германија е Саудиец, масакрот го…

50-годишен доселеник од Саудиска Арабија е напаѓачот…

(Видео) Автомобил влета во Божикен базар во…

Возило влетало во толпа во Германија, според првичните информации…

Германија и покрај многуте проблеми сѐ уште…

Германија, и покрај многуте проблеми, сè уште…