Објавено на:

Незаборавник – за Македонските работи: 140 години од раѓањето на Павел Шатев

t

За светлото име Павел Шатев како наше наследство /За Голготата на македонскиот сонувач /

Македонија е ризница на храбри и заслужни луѓе.
Можеби затоа што ги има премногу: преродбеници, просветители,
револуционери, комити, војводи, партизани, државници, дипломати,
поети, писатели. Времето и историјата покажале дека некои од нив се забораваат,
други биваат маргинилизираат, а трети без причина и објаснување се отфрлуваат.
Најчесто, во најголем број, неоправдано и незаслужено.

Но како да се направи избор за тоа кој ќе биде возвишен, а кој заборавен?

Многупати изборот е погрешен. Овој факт ни го сведочи историјата.

Еден од тие што се најдоа, сосема незаслужно, во немилост на државната власт,

е и последниот гемиџија – Павел Шатев. Без причини и без никаков повод некои темни удбашки сили безочно и нечовечки го понижија и уништија. Без вина, без судење и без пресуда. Тоа беше срамен обид да се тргне Павел Шатев од јавноста и да се избрише од историската сцена. Сетоа тоа се покажа неуспешно. Ќе го паметиме само како удбашко-полициска и државна нечовештина и нехуманост.

Со тек на времето историјата покажа, т.е. пресуди дека Павел Шатев е наш. Македонец. Син на мајка Македонија. И припаѓа на нашата и негова Македонија и на македонскиот народ. Со своето севкупно револуционерно и општествено дело, со сето свое битие и дух. Како Револуционер, Анархист, Гемиџија, Национален деец, Доктор на правни науки, Член на АСНОМ, Член на президиумот на АСНОМ, Дипломат, Државник, Министер , Интелектуалец, Пратеник, Политички емигрант, Писател, Публицист, Историчар, Историограф, Биограф, Документарист и Разузнавач.

ВИСТИНАТА за Шавел Шатев е вистината за слободарското, револуционерно и национално ДЕЛО за Македонија.
Науката потврди дека Шатев е најмакедонскиот актер на двата Илиндена: првиот – Илинден 1903 и Крушевската Република и вториот – НОБ/НОВ и АСНОМ. Со гордост, сега и тука, потврдуваме дека Павел Шатев е колективна и поединечна меморија на македонците, национално благо на Македонија – трајна историска вредност, во национално-политичката свест на македонскиот народ.

Покрај историјата и науката постои и еден друг судија – СОВЕСТА. На нејзе и ги препуштаме сите знајни незнајни протагонисти, јавни и тајни антагонисти, злобни сценаристи и режисери со помрачени умови, кои што се огрешиле кон нашиот Павел Шатев.

После 140 години, констатираме дека Тој денес не е заборавен. Го паметиме, со гордост го чествуваме и му се поклонуваме.

Пишува: Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…