Независниот синдикат на полицијата излезе на протест – бараат транспаретна истрага за нивните колеги осомничени за „Пулс“

t

Под паролата „Први за осуда Последни за почит, Независниот синдикат на полицијата денеска излезе на протест за да изрази револт кон Јавното обвинителство за како што велат, третманот на нивните колеги кои се под истрага за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 62 млади лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Присутните полициски службеници, како што пренесе ТВ Телма, порачаа дека браат правда за сите жртви, меѓу кои е и нивниот колега Тоше Тодоровски кој го загуби животот во пожарот, а изразија поддршка на колегите кои ја преживеале трагедијата.   Како што наведоа од Независниот полициски синдикат тие не се против истрагата што се води против полициските службеници, туку бараат таа да биде јавна и транспаретна.  

Во таа насока претседателот на Синдикатот, Мартин Ефремов изјави дека бараат барем еден распит на осомничените полициски службеници да биде јавно објавен за дас е види, како што рече, каков однос има Обвинителството кон полицајците. 

„Мислам дека апсолутно не е човечки еден обвинител да се обрати на нашите колеги осомничени, за кои не е докажана вина и се смета дека се невини се додека не се докаже вина со зборовите – ‘ако вие бевте невини требаше вие да изгорите во трагедијата во Кочани’. Тоа е нешто што ако полициски службеник го каже на граѓанин, верувајте дека ќе заглави по затвори“,рече Ефремов. 

Тие најавија дека од утре ќе започнат со поднесување кривични пријави против обвинители и судии. 

ИЗВОР: 360 Степени

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Независниот синдикат на полицијата излезе на протест…

Под паролата „Први за осуда Последни за…

Родителите на починатите во пожарот во “Пулс”…

Како што вчера најавија на „Марш за…

Демант на Спасовски: Никогаш не сум спречил…

Пратеникот на СДСМ и поранешен министер за…

Од утре секој ден по 15 часот…

Од утре, ќе има мирни јавни собири…

Пендаровски двапати бил во Кочани: Запалив свеќа…

Јас како поранешен претседател бев двапати во…