(НЕ)ЗАГАДУВАЊЕТО ОД УСЈЕ – Еве како изгледа главниот град утрово!
Скопје и утрово е меѓу најзагадените градови во Европа. Мерењата на мерните станици според апликацијата „AirCare“ покажуваат дека на одредени локации во главниот град загадувањето е над 280.
Сликите од Цементарница „Титан-Усје“ утрово се застрашувачки. Чадот ја покрива цела населба, а се распространува низ целиот град.
Претходно од Владата рекоа дека Усје не загадува.
– „Во тековнта 2025 се реализирани 1700 инсепкциски 839 редовни 532 вондредни и 329 контролни инспекциски надзори, утврдени се 398 неправилности и издадени се исто толку решенија во инспекциската постапка, покренати се над 30 прекршочни и 4 кривични постапки.“ – рече директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска.
„Државниот инспекторат за животна средина работи согласно одобрен план од Министерот за животна средина и просторно планирање. Државниот инспекторат согласно акцискиот план за краткорочни мерки на владата за чист воздух е задолжен од ноември 2025 до март 2026 да спореведува инспекциски надзори кај субијкети кои поседуваат А-интегрирани еколошки дозволи. Од први ноември се спореведнеи над 55 изадени 20 решенија и 3 забрани за работа.“
Дирекотрката изјави дека според закон за инспекциски надзор кај еден искт субјект од исти иснпекциски надзор се врши не повеќе од еднаш во годината.
„Ве известувам дека за „Титан Цементарница Усје“ се извршени 6 надзори над овој правен субјект 2 редовни и 4 вондередни. Последните вондредни 18.11 во 22 часот со инспектор за животна средина од Град Скопје и 18.12 со инспектор за животна средина од Кисела Вода при што кај сите надзори не се утврдени неправилности кај овој субјект.
Реализирани се и ненајавени вондредни инспекции со инспектори од внатрешноста и пишувачите на дозволта од управата за животна средина, реализирани се и ненајавени мерења на емсии во воздухот со лабораторијата за животна средина при Минисетрство за животна средина и просторно планирање.
Секој месец Цемнтарница Усје доставува месечен извештај за емисии во воздухот од сите емисиони точки и двапати годишно доставува мерења од акредитирани независна лабораторија, бидејќи така се задолжени со дозволата што ја имаат“ – објави директорката на Државнот инспекторат за животна средина.
„Надзорите продолжуваат континуирано и на секои 15 дена државниот Инспектотрат за животна средина испраќа извештај до работната група која е формирана од мин за живот. 120 правни субјекти имаат А-интегрирани а на теротрија на Град Скопје околу 40“ – додаде дирекотрката.
Таа нагласи дека инспекциската служба не е прсвосилен орган или полиција и не издава и одзема прани акти и дозволи. Не врши вештчење, процена на штети, мерење на бучва, вода или воздух. Инспекцијата има пред се да превенира и репресивна улога при инспекцискиот надзор над спроведувањето на законските одредби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(НЕ)ЗАГАДУВАЊЕТО ОД УСЈЕ – Еве како изгледа…
Скопје и утрово е меѓу најзагадените градови…
Тепачка во трговски центар во Скопје –…
Жена нападнала друга жена во трговски центар…
О2: АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА Е ЗДРАВСТВЕНА КРИЗА, НЕ…
Аерозагадувањето, PM честичките, издувните гасови од дизел…
Две лица од Скопје се пронајдени мртви…
Двајца мажи на возраст од 30 години,…
Патник од Турција ограбен во скопско такси
МВР информира дека доцна синоќа во 22:20…