Незаконски ловеле диви свињи, уапсени двајца мажи од Тетовско

t

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера околу 13 часот и 10 минути ги лишиле од слобода 44-годишниот П.Ј. од тетовска Брвеница и 64-годишниот Љ.Л. од тетовско Фалише. Тие се уапсени поради сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“, извести СВР Тетово.

– Тие се сомничат дека претходно, за одредена сума на пари, се договориле да му отстрелаат дива свиња и да му ја донесат на Љ.Л.. Дивата свиња, која била донесена со возило, е одземена и предадена на Агенцијата за храна и ветеринарство, соопшти СВР Тетово.

Двете лица се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп се закани дека ќе ги повлече…

Американскиот претседател Доналд Трамп постојано се закануваше…

Земјотрес во Македонија

Слаб земјотрес со јачина од 2,4 степени…

Таткото на Вања ослободен од обвинение

Таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски…

Доживотен затвор за Палевски, Манев, Кешишев и…

Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко…

Филипче до Мицкоски: Денот по утрото се…

Во рамки на теренските активности, претседателот на…