Неидентификувани дронови забележани над базата каде што се наоѓаат Рубио и Хегсет
Неидентификувани дронови се забележани над американската воена база во Форт Лесли Џ. Мекнер, каде што се наоѓаат американскиот државен секретар Марко Рубио и министерот за одбрана Пит Хегсет, што предизвика зголемени безбедносни мерки, изјавија американски претставници запознаени со ситуацијата, објави „Вашингтон пост“.
Дроновите се забележани во текот на изминатите 10 дена, што доведе до состанок во Белата куќа за да се разговара за можни одговори. Службениците не го утврдиле потеклото на леталото. Во меѓувреме, САД издадоа глобално безбедносно предупредување за дипломатските мисии и ги заклучија неколку домашни бази, вклучувајќи ја заедничката база Мекгваер-Дикс-Лејкхарст и воздухопловната база Мекдил, подигнувајќи го нивото на безбедност на „Чарли“ – што значи дека има разузнавачки информации за можна закана.
Високи претставници размислуваа за преместување на Руби и Хегсет, но не се случи промена на локацијата. Портпаролот на Пентагон одби да коментира за ситуацијата, велејќи дека известувањето за движењата на претставниците е „крајно неодговорно“ од безбедносни причини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апел за помош: Да му помогнеме на…
Почитувани читатели на Инфомакс, Ве замолуваме доколку…
Апел за помош: Да му помогнеме на…
Почитувани читатели на Инфомакс, Марко е на…
Рубио: Трамп нема да учествува во бескрајните…
Американскиот претседател Доналд Трамп нема да биде…
Да му помогнеме на Марко: 15.000 евра…
Почитувани читатели на Инфомакс, ве замолуваме доколку…