Нека биде така и денес: Бугарија не победила на гостински терен повеќе од четири години
Фудбалската репрезентација на Бугарија гостува во Скопје кај Македонија во последното коло од групната фаза во Лигата на нациите и се наоѓа под притисок затоа што мора да победи поради рејтингот.
По победата на Фарски Острови над Турција која беше големо изненадување, Бугарите се наоѓаат под притисок поради фактот дека три бода им се повеќе од потребни. Имено, се работи за конечниот ранкинг во Лигата на нациите, а Бугарија со победа ќе застане на местото кое им носи четврти шешир во ждрепката за ЕП 2024.
Во спротивно, источниот сосед ќе биде во петтиот шешир на ждрепката во Нион. Проблем за Бугарија се натпреварите на гости во изминатите години. Тимот нема победа надвор од својот дом повеќе од четири години.
Последниот успех на Бугарија кој не е пред нивната публика е во 2018 година кога ја победија Словенија. Билансот е 22 натпревари без триумф (10 нерешени, 12 порази).
Извор: Gol.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…
Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…
Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…
Двајца државјани на Македонија се приведени на…
Љубчо Георгиевски на свое барање се сретнал…
Бугарскиот претседател Румен Радев го примил во…
Бугарскиот пазар полуде: Се нуди паркинг место…
Гаража или паркинг место за автомобил во…
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…