Нека е аирлија – отворен е новиот спортски комплекс ,,Бецко”
Пишува Градоначалникот на Кисела Вода на социјалните мрежи:
Нека е аирлија – отворен е новиот спортски комплекс ,,Бецко” во Драчево!
✌️Почитувани,
🫶 со огромно задоволство денес го отвораме новиот спортски комплекс во местото викано Дупки.
Спортскиот комплекс ќе го носи името Бецко, по истоимената и жива легенда од Драчево со која јас и сите генерации растевме заедно. Ни беше како втор татко.
❤️ Бецко, благодарам за сѐ!
📍На ова место, постоеше огромна дива депонија од која сите бегаа и го вртеа погледот, а сега блеска со нова енергија и живот.
🔙 Пред една и пол година го отворивме забавно-рекреативниот центар ,,Феникс”, кој беше првиот чекор кон трансформацијата на оваа локација.
☝️Денес, со голема чест го отвораме новиот, модерен спортски комплекс кој зафаќа 5000 квадратни метри.
🏟️ Овој комплекс содржи терени за фудбал, кошарка, одбојка и мал фудбал.
🏍️ За прв пат во Скопје, овде има и мотокрос патека која веќе предизвика огромен интерес меѓу младите и љубителите на спортот.
🌺 Просторот е хортикултурно уреден, oграден, осветлен, со уредени пешачки патеки и урбана опрема, клупи и канти за отпадоци, со што нашите очекувања се дека ова ќе биде често посакувана локација за спортски активности, за дружење, и рекреација, место каде нашите деца ќе можат да растат здраво и среќно.
☝️ Воедно, тој претставува еколошки пример за тоа како од дива депонија може да се создаде зелена и уредена оаза.
🫵🏼 Сакам да потенцирам дека јас и мојот тим сме посветени на заживување на сите места во нашата општина кои во себе носат потенцијал, а стратегијата за постигнување на рамномерен развој се огледува во обновувањето и градењето на спортската инфраструктура во сите населби и населени места.
✌️Илустративно, во мојот тригодишен мандат, инвестирано е во 20-тина вакви спортски центри, кои сведочат за нашата визија и решеност да создадеме подобра иднина за сите нас.
💪 Овие проекти се доказ за нашата посветеност и стремеж кон подобра иднина за сите наши граѓани.
❗️Нашата работа не завршува тука. Продолжуваме со истата динамика и посветеност за да обезбедиме уште повеќе можности.
♥️ Мојот народ заслужува!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…