Нека ме убие некој, да ми олесни болката: Потресни зборови на мајката на масовниот убиец Блажиќ
Во тешка психичка состојба е Билјана, мајката на Урош Блажиќ, од денот кога тој во крвав пир уби осум и тешко рани 14 лица во Дубона и Мали Орашје кај Младеновац. Во ексклузивно интервју за српска „Република“ таа првпат јавно зборува за нејзиниот син и масакрот што тој го направил.
Таа вели дека жали за секоја жртва на нејзиниот син, дека се моли за оздравување на оние што ги повредил, но и дека како родител е неповратно поразена и згазена.
Тој ден, кога пукаше во деца и невини луѓе, ме уби и мене. Ме закопа жива. Нека ме убие оној на кој ќе му ја олесни болката и страдањето што му ги предизвика мојот Урош пукајќи таа проколната ноќ. Немам сила ни живот да запознаам некој од тие семејства, а камоли да ги погледнам во очи, изјави таа за српска „Република“.
Зборувајќи за часовите пред масакрот, мајката на убиецот раскажала што се случувало.
Пред да замине од кај нас вечерта, ме бакна, му рече на татко му: „Чао бајо“, а на дедо му, му рече, утре наутро во седум да запали оган и дека ќе дојде да печат свиња и јагне. Ми ги остави калливите патики да ги исперам, и отиде во влечки. Ме замоли да додадам малини во колачот што го подготвував кога си замина. Апсолутно ништо не укажуваше на тоа дека ќе… Мислев дека се самоуби кога уби и рани толку луѓе, но го најдоа утрото. Немам сила ни живот да запознаам некој од тие семејства, а камоли да ги погледнам во очи. Уништи се околу себе, претворајќи се во чудовиште. Ги уништи братот, внукот, снаата, дедото и сите роднини, а родителите ги закопа. Нека му се суди според законот, вели мајката во солзи.