Нека се благословени сите граѓани на Република Македонија! Светиот Благодатен оган пристигна во нашата престолнина, објави Спасовски
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на Фејсбук објави фотографии од притигнувањето на благодатниот оан во Македонија и посака да бидат благословени сите македонски граѓани.
-Пристигна Светиот Благодатен Оган во престолнината на нашата земја. Со христијанска радост му го предаваме на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а свештениците ќе го однесат ширум храмовите низ татковината.

Точно 15 години откако по иницијатива и заложби на Свештената Бигорска Обител, Благодатниот Оган за првпат на Света Пасха беше донесен во Македонија од Грција. Во оваа прилика изразувам искрена благодарност до бигорското братство за спознавањето на македонскиот народ со ова постојано Божјо чудо.

Нека секој православен храм одѕвонува со радост ширејќи ја веста за Воскресението на Спасителот Господ Исус Христос меѓу верниците, како суштина на христијанството!

Нека се благословени сите граѓани на Република Македонија! – напиша Спасовски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…