Некогаш најчистата и најзелена скопска општина со Муцунски се претвора во огромна дива депонија

t

Аеродром тоне во нечистотија. Некогаш најчистата и најзелена скопска општина денес се претвора во огромна дива депонија, за која речиси никој не води грижа, вели Сузана Делева, советничка на СДСМ во Советот на Општина Аеродром.

– Секојдневно сме сведоци на преполни корпи за џебен отпад кои делуваат како никогаш да не се исчистени.

Блоковското зеленило се полни со кабаст отпад кој со месеци стои на зелените површини на кои некогаш играа деца.

Јавните површини меѓу зградите никогаш не биле повалкани.

Ѓубре на секој чекор можат да посведочат нашите сограѓани кои секојдневно упатуваат апели за редовно чистење на општината.

Го потсетуваме градоначалникот Тимчо Муцунски, дека доби доверба од граѓаните со ветувањата дека Аеродром ќе биде најчистата скопска општина, по реорганизацијата на службите за одржување на хигиената. Ова беше еден од неговите топ 7 приоритети за Аеродром.

Секојдневие станаа и преполните контејнери во Стар Аеродром и околу трговските центри Скопјанка, Три Бисери, Бисер, Капитол, Лиса и други јавни површини со зголемена фреквенција на движење.

Речи си никаква реакција од Муцунски и Општината за ваквата алармантна состојба нема ни до Градот Скопје и јавното градско претпријатие Комунална хигиена.

Јавно го прашуваме Муцунски, има ли Аеродром градоначалник?

Го повикуваме Градоначалникот на Аеродром, да се фокусира на обврските во општината наместо да се занимава со претстојните парламентарни и претседателски избори.

Ѓубрето во Општина Аеродром нема само да се исчисти. – велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: ОЈО да отвори постапка, РЕК Битола…

РЕК Битола веќе неколку дена е во…

СДСМ: ОЈО пак да го истражува англискиот…

Обвинителството повторно да отвори истрага за сертификатот…

СДСМ нема да има кандидати за градоначалници…

Како што брифираат од партијата, со одлука…

Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа

Бидејќи и вака се пласира од страна…

Филипче соопшти 19 кандидати за градоначалници од…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска соопшти…