Некои навики тешко се губат: Непознати млади лица залепиле некролог со ликот на Адолф Хитлер и кукасти крстови на зградата на синагогата во Софија во моментот кога внатре се одржувала молитва
Непознати млади лица залепиле некролог со ликот на Адолф Хитлер и кукасти крстови на зградата на синагогата во Софија во моментот кога внатре се одржувала молитва, јави БТВ. Еврејската заедница во Бугарија е револтирана поради говорот на омраза.
Максим Делчев, претседател на централниот израелски духовен совет во Бугарија за бугарските медиуми изјави:
– На денот кога ја славиме саботата во јудаизмот – околу 5 часот, младите го залепија ова парче хартија на вратата. На прв поглед може да изгледа прилично ситно, како смешна шега, но всушност она што го гледаме е сосема јасно организирана акција на луѓе кои ставиле маски.
Излегува дека вакви вандалски акти се случуваат секоја година, вели тој.
– Претходно имаше луѓе кои фрлаат камења по синагогата, пред една година беа исцртани свастики. За жал, досега нема процесуирано ниту еден случај на тема антисемитизам – објасни Делчев.
Според обвинителството во Софија, делото може да има антисемитски мотив, иако велат од еврејската заедница, тешко е да се идентификуваат сторителите.
– Имаме еден случај кога сторителот е фатен и изведен на суд за непристојно однесување -објасни тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На „Табановце“ уапсени двајца бугарски државјани
Вчера во 5:30 часот на граничен премин…
Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…
„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…
„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…
Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…
(Видео) Експлозии во Техеран! Израел вели ќе…
Според АФП и државните медиуми на Иран,…
Лисици низ Скопје во близина на Водно…
Во последните неколку дена се појавија видеа…