Неколку начини како да ја отстраните бојата за јајца од вашите раце
Домаќинките бојадисуваат и декорираат јајца на различни начини – некои се држат до традиционалниот начин сликајќи ги во кромид и растенија, додека многу ги бојадисуваат во бои за јајца, па дури и во прехрамбени бои за торти.
Како и да ги декорирате вашите велигденски јајца, препорачливо е да носите ракавици за да не ги бојадисате вашите раце, но сепак доколку ги бојадисате постојат едноставни решенија како да ја отстраните бојата.
Се што ќе ви биде потребно за да ги исчистите рацете од бојата е сода бикарбона. Прво намокрете ги рацете со топла вода, а потоа нанесувајте сода бикарбона на кожата каде што бојадисана, а потоа внимателно тријте со четка додека не ја извадите бојата.
Исто така може да ги исчистите боите од рацете со помош на лимон. Исечете го на половина, а потоа истурете сол на половината лимон и тријте ја кожата на места каде што е бојадисана.
Како трет и едноставен начин за отстранување на бојата е и оцетот! Истурете малку оцет на кожата и нежно истријте го со четка или пак, ставете оцет на крпа и нежно протријте го бојадисаното место. Но, многу е важно и да се напомене дека не се препорачува истурање оцет на целите раце, бидејќи доаѓа до екстремно сушење на кожата.
Од голема важност е и после секоја постапка кожата да се третира со хидрирачка крема за раце која ќе помогне рацете да се хидрирани и меки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европа верува дека Иран го преместил ураниумот…
Прелиминарните разузнавачки проценки сугерираат дека Техеран сè…
Половина од учениците со сите петки не…
Министерката за образование и наука Весна Јаневска…
(Видео) Страшно невреме во Франција – двајца…
Најмалку две лица загинаа, а 17 се…
Трамп: Судењето на Нетанјаху треба веднаш да…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара двонеделна пауза…
Левица: Дел од пазарот во Драчево е…
Локалниот огранок на Левица од Кисела Вода…