Некоректниот пристап на Скопје нема да доведе до резултат, велат од бугарското Министерство за транспорт за Коридорот 8

t

Бугарското Министерство за транспорт и врски на својата веб-страница објави став во врска со последните политички изјави во Македонија во однос на изградбата на Коридорот 8.

„Околу изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт на РС Македонија Николоски за Коридорот 8, Министерството за транспорт и врски на Република Бугарија со жалење, но без изненадување, утврдува уште една политичка интрига и злоупотреба на конструктивниот пристап на Бугарија. Тоа што го изјави пред Собранието на РС Македонија дека Бугарија го одбила предлогот за средба во Скопје е лага и манипулација. Поканата за оваа средба е добиена по предметната изјава на Николоски. Бугарија не одби, туку ќе даде одговор откако заедно со ЕК и европските финансиски институции ќе ги добие коментарите на Скопје за документот од техничкиот состанок во Софија, одржан на 31 октомври 2024 година“, наведува бугарското министерство.

„Некоректниот и непрагматичен пристап на Скопје нема да доведе до резултат. Изградбата на Лот 3 е единствена одговорност на РСМ. Бугарија јасно ги посочи роковите и обврските за изградба на трасата на нејзина територија“, се наведува во ставот.

Од тамошното Министерство за транспорт и врски уверуваат дека Бугарија заедно со партнерите ќе остане фокусирана на реализација на овој стратешки коридор.

Николоски вчера употреби „фудбалски термин“ одговарајќи на пратеничко прашање од собраниската говорница.

-Во однос на аргументи, фудбалски кажано Бугарија ги добивме со 3-0. Трите наши аргументи се прифатени и очекувам да соберат храброст и да се одржи и третиот состанок во Скопје. Еве оваа недела требаше да се одржи во Скопје, но одолговлекуваат. Нека соберат храброст да ја затвориме оваа тема. Нашите аргументи се јасни. Да се направи ревизија на цената, мора да има зеднички проект за потенцијално тунелот кој треба да ги спојува двете држави и трето да си го завршат нивниот дел да се спојат до границата, кажа меѓу другото вицепремиерот.

Во однос на третата фаза од железничкиот дел на Коридорот 8, соопшти дека бугарската страна побарала планираната средба за неделава да се одложи за наредната недела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Некоректниот пристап на Скопје нема да доведе…

Бугарското Министерство за транспорт и врски на…

Бугарите по осми пат не избраа претседател…

Ниту по осмиот обид, 51. состав на…

Јотова: Бугарија не поставува дополнителни услови за…

Бугарија никогаш не отстапила од договорената рамка…

Државата денеска се задолжува со уште 89…

За денеска се закажани две аукции на…

Бугарскиот премиер: Прашањето со Македонија е решено,…

За Бугарија, прашањето со Република Македонија е…