Нели беше тоа градење на Илирида и голема Албанија? Николоски во посета на Косово, разговарано за железничко поврзување на Скопје-Приштина и Тетово-Призрен!

Вицепремиерот и Министер за транспорт, Александар Николоски, на Фејсбук објави дека бил во работна посета на Косово, при што се разговарало за железничко поврзување меѓу Скопје и Приштина, како и помеѓу Тетово и Призрен.
– Работна посета на Косово заедно со заменик министерката Калтрина Зеколи Шаќири и директорот на ЈПДП Коце Трајановски
Денес на покана на министерот за транспорт на Косово, Либурн Алиу бевме во посета на неколку инфраструктурни проекти кои се работат во моментов во Косово.
При посетата разговаравме и за железничкото поврзување меѓу Скопје и Приштина и можностите за изградба на патниот правец Тетово – Призрен.
Соработката со соседните држави значи силен економски развиток на Македонија – напиша Николоски на Фејсбук.

Одлично што вицепремиерот работи на поврзување на Македонија со Косово, но прашање е дали коалициониот партнер Максим Димитриевски се уште мисли дека Коридорот 8,чиј дел се и овие градежи активности, е поврзувње на Илирида или голема Албанија.
– „Овој коридор ви поврзува една траса на релација Скопје-Приштина-Тирана. Се поставува прашањето, дали отцртувањето на самиот коридор е отцртување на картата на Илирида којашто многупати досега сме ја погледнале? Никој од носителите на политички функции не го отвори ова прашање да го продискутира. Тоа е важен коридор, но Македонија има и други важни коридори. Дали направивме некое анкетирање каде ќе потрошиме една милијарда и двесте милиони евра граѓански пари?, праша Димитриевски во гостување на Сител телевизија.
Димитриевски вели дека кога се работат вакви капитални проекти, првенствено се информира јавноста и се дискутира јавно. „Вие нè доведувате во заблуда, си правите договор, го потпишувате, си ракоплескате таму, го собирате дипломатскиот кор којшто подоцна не може да излезе од изјавите и мора да се правда зошто присуствувал таму“.
Слични размислувања имаа и други аналитичари.


Па сега, повторно се поставува прашањето, дали Димитриевски реагирал во коалицијата за ваквите активности на Николоски и дали повторно планира да ја напушти Владата, затоа што никој од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ не реагира, ниту се плаши од неговите изјави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нели беше тоа градење на Илирида и…
Вицепремиерот и Министер за транспорт, Александар Николоски,…
Молотов коктел фрлен на автомобил на Србинка…
Во текот на ноќта непознати лица фрлиле…
Османи: Косово е подготвено за партнерство со…
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, денеска оствари…
Поддршка за српските студенти кои протестираат стигна…
И повеќе од 370 професори на Универзитетот…
Португалија дополнително испраќа војници на Косово, ќе…
Португалија испрати 29 припадници на Националната гарда…