Нели и acимптоматски се шиpeше болecта – Heoфицијално, изолацијата на асимптоматските случаи на Koвид 19 ќе се намали на 7 дена
Извори на Инфомакс од министерството за здравство неофицијално велат дека асимтопматските случаи ќе имаат пократок период на изолација од досегашниот.
Според најновите протоколи за кратко време изолацијата од 10 дена ќе биде намалена на 7 дена.
По вчерашниот неверојатен скок на случаи за речиси три пати од претходно, односно околу 1200 нови случаи кои денеска се очекува значително повторно да се зголемат Комисијата за заразни болести ќе одржи вонреден состанок.
На состанокот покрај за намалување на деновите во изолација ќе се разговара и за ширењето на новиот сој омикрон во Македонија како и за потенцијални нови мерки.
Ако уште утре не ги смените протоколите за изолација на контактите со ковид болни и не го намалите времето за изолација на позитивните, на 10 јануари ќе нема кој да работи во државата, ѝ се обрати д-р Нико Беќаровски на Комисијата за заразни болести преку својот профил на Фејсбук.
„Сите ќе бидеме во изолација. Изолацијата на контактите при вака раширен Омикрон е неодржлива и без епидемиолошка оправданост. Задолжителната изолација за позитивните треба да се намали на 7 дена“, смета тој.
Докторот проценува дека ако денес имавме 1.197 позитивни со регуларно направени тестови, сигурно има уште >5.000 кои се самотестирани и >25.000 недијагностицирани.
„Добрата вест е што до крај на февруари ќе направиме колективен имунитет и за 8 март ќе може пак да играте.
Она што е интересно е што досега здравстевените власти тврдеа дека вирусот се шири асимптоматски па логично се поставува прашањето дали сега се става здравјето на граѓаните во ризик?
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…
Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…
СДСМ: Со ДПМНЕ е можно само враќање…
Со ДПМНЕ е можно само враќање назад…
Почна интервјуирањето на 42-та кандидати за новиот…
Собраниската Комисија за прашања на изборите и…
Почна амандманската расправа за Предлог Деловникот на…
Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања…
Марија Јаничевска е предложена за директорка на…
Марија Јаничевска е предлог за директорка на…