Немале доволно судии: Уставен суд не одлучи дали ќе се укине државното финансирање на партиите

t

Платеното политичко рекламирање во медиумите се најде пред Уставниот суд. Иницијативата ја поднесе пратеникот Павле Трајанов од Демократски соујз. Тој смета дека неговата партија е дискриминирана бидејќи поголемите партии повеќе се рекламираат во медиумите во изборна кампања. Уставните судии имаат поделени ставови. Некои сметаат дека изборниот законик во делот на финансирањето на партиите е коректно решение кое нуди рекламирање за оние кои не се во парламентарниот состав.

„Ги ценевме решенијата на повеќе држави како, Холандија, Шведска, Хрватска, Полска, Словачка, Германија и според нивните одговори констатиравме дека во поголем дел од нив само политичките партии застапени во парламентот добиваат паушална сума која се дели во однос на гласовите кои ги постигнале. Во Шведска, износот на средства кои ги добиваат политичките партии е одреден по однос на освоените гласови од последните избори, нешто слично како нашето уредување“, изјави Насер Ајдари, уставен судија.

Други уставни судии пак сметаат дека државното финансирање за партиска изборна кампања не е разумен трошок.

„Со ова всушност граѓаните ги финансираат политичките партии двапати, и пред изборите и после изборите. Ова законско решение не е неопходно во демократско општество, има начини како да се финансираат политичките партии со членарина, а не со пари од граѓаните“, рече Дарко Костадиновски, уставен судија.

„Ваквиот начин на распределбата на рекламниот простор и средствата не ми дава можност да заклучам дека имаме тука еднаквост на политичките партии. Начинот на одредување на висината на средствата непропорционално се сведува за поголемите наспроти помалите партии“, нагласи Осман Кадриу, уставен судија.

Но, Уставниот суд не презема никаков чекор за оценување на уставноста на тој дел од изборниот законик, бидејќи нема доволно судии.

Извор: Алсат.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бајден бара Конгресот да одопри финансиска помош…

Американскиот претседател Џозеф Бајден го повика Конгресот…

Не се важни партиите, туку граѓаните, вели…

„Секој заслужува да има пристојни услови за…

ЕУ се подели околу користењето на руските…

Москва го осудува запленувањето на нејзините средства…

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…

Судот на ЕУ ја одобри забраната за…

Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…