Немаме многу време: Да донираме за лекување на 10-годишната Ева
10-годишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Семејството бара хуманитарна помош од македонските граѓани.
-Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман. Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри, се наведува во апелот.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршува последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија
Кој е во можност, може да донира ТУКА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Немаме многу време: Да донираме за лекување…
10-годишната Ева е девојче кое се бори…
WSJ: Цените на нафтата драматично ќе се…
Стравувањата од ескалација на конфликтот на Блискиот…
Нетанјаху: Има многу знаци дека ајатолахот повеќе…
Излезете масовно на улиците и завршете ја…
Кина бара прекин на нападите и почитување…
Кина повика на итен прекин на воените…
Уставните измени се прашање на кредибилитет, вели…
Договорите на ЕУ јасно не прават никаква…