Немаме најава за повлекување на рускиот амбасадор, мора да бидеме недвосмислени во ставот против агреисија, вели Османи

t

Под прашање било ставено дури и одржувањето на состанокот на Отворен Балкан во Охрид доколку се случеше посетата на рускиот министер за надворешни работи на Сергеј Лавров на Србија, информира шефот на дипломатијата Бујар Османи вечерва во тема на денот на Сител телевизија. Смета дека неодржувањето на посетата на Лавров, го охрабрува, како што рече, одржувањето на состанокот во Охрид.

Османи информира дека засега состанокот во Охрид се одвива согласно сите планови.

Прашан дали имал некаков контакт со неговите колеги од Србија, Османи одговори дека во текот на последните денови, јасно било кажано дека ваквите чекори, како што рече, не не охрабруваат во овој ангажман во рамки на Западен Балкан во рамки на регионалната соработка. Затоа, наведе Османи, беше важно да ги испратиме тие пораки и до сите други учесници во рамки на Отворен Балкан.

– Иако Србија, се разбира, е независна држава која што сама ги одлучува своите надворешно политички приоритети, меѓутоа во рамки на некои регионални иницијативи во кои учествуваме како што е Западен Балкан, се разбира важно ни е сите земји што соработуваме да сме на една линија на некои вредносни системи, рече Османи.

Тој нагласи дека ние имаме добри билатерални односи со Република Србија, а во рамки на регионалните иницијативи, ни беше важно, подвлече, одлуката на Србија да гласа во ООН за резолуција што ја осудува руската агресија во Украина, а тоа беше важен момент за да ја поттикне понатамошмната соработка во рамки на Западниот Балкан.

– Билатералните односи никогаш не се спорни и ќе продолжат да се надоградуваат. Меѓутоа регионалните иницијативи мора да бидат во рамки на некои основни вредносни принципи во кои веруваме, истакна министерот за надворешни работи.

Во однос на одлуката со која нашата земја, како една од трите земји, не дозволи прелет на авионот на Лавров, Османи потенцира дека тоа не е однос кон Руската Федерација, туку однос кон агресијата на Руската федерација во Украина односно политиките на Руската Федерација со војната во Украина.

Тој нагласи дека Северна Македонија е една од многуте земји кои имаат донесено општа забрана односно затворање на воздушниот простор за прелет на компании кои што се сопственост на Руската Федерација.

– Како одговор на руската агресија во Украина, сметавме дека и ова барање на Амбасадата на Руската Федерација за ослободување за овој специјален лет се вклопува во таа општа забрана и наш однос кон Руската Федерација по однос на агресијата во Украина, изјави Османи.

Додаде дека треба да бидеме недвосмислени во ставот и во пораките што ги праќаме до Руската Федерација дека е недозволиво во 21 век да се напаѓаат соседни земји и да се направи агресија врз соседни земји и врз независни држави.

Прашан дали по реакцијата од Москва и повиците за повлекување на сите амбасадори на Руската Федерација од овие три земји кои забранија прелет има најава за повлекување на рускиот амбасадор министерот Османи одговори дека немаат таква најава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…