Немаме среќа: Грузија води со 2:0, крајот на натпреварот се’ поизвесен
Фудбалската репрезентација на Грузија одново одигра максимално сконцентрирано против Македонија. Исто како и во Скопје, момците на Вили Сањол ја пуштија нашата селекција да ја има контролата и топката во нозе, меѓутоа ги казнија сите грешки. Во првиот дел тоа беше невнимание на Бојан Миовски кој ненамерно си даде автогол, а сега тоа беше погрешно додавање на Дарко Велковски.
Стоперот на Македонија, во обид да додаде кон средината, само проигра противнички играч, па со голема брзина Грузијците развија контра од половина терен. Живживадѕе ја имаше топката, влезе во шеснаесетникот и откако го навлече Димитриевски, му додаде на Квича Кваратшкелија кој погоди во празната мрежа за 2-0 во 64. минута од средбата.
Извор: Гол.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грузија доби проруски претседател
Грузиските пратеници го избраа Михаил Кавелашвили, проруски…
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
Илјадници проевропски демонстранти пред Парламентот на Грузија…
Неколку илјади проевропски демонстранти маршираа до грузискиот…
(Видео) Нереди во Тбилиси, се судрија полицијата…
Демонстрантите кои вечерва повторно протестираа пред зградата…