„Немам непријатели“: Здравко Чолиќ два часа на распит во полиција за фрлената бомба врз неговиот дом во Белград
Здравко Чолиќ поминал речиси два часа во полициска станица давајќи исказ во врска со инцидентот во кој околу 5 часот наутро на 3 февруари била фрлена бомба врз неговата семејна куќа на Дедиње во Белград. Немаше повредени, само имало голема материјална штета. Полицијата, во меѓувреме уапси две лица како сторители на делото.
Музичката ѕвезда, како што пишува српски Курир, бил испрашуван веднаш по враќањето од Хрватска, во Загреб го снимал новиот албум, каде што престојувал во времето на инцидентот, и тој ги изнесе сите детали што би можеле да помогнат во расветлувањето на овој несреќен настан пред властите.
Според извори на Курир.рс, Чолиќ бил смирен за време на испрашувањето со полицајците. Трпеливо одговарал на сите прашања, а акцентот на испрашувањето бил ставен на можните мотиви за нападот.
Истражителите биле заинтересирани дали пејачот се заменил со некого, дали имало лице за кое се сомневал и дали тој или некој од членовите на неговото семејство имал долгови или нерешени сметки што можеле да бидат причина за ваков чин.
Здравко сè негирал. Особено нагласил дека не се замерил со никого и дека нема проблеми со соработници, колеги или почитувачи на неговиот лик и дело во кариерата.
Нагласил дека не стекнал непријатели, ниту пак има непријатели за кои знае.
„Не сакал да покажува со прст кон никого од забавната индустрија или од други кругови“, објаснува изворот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Немам непријатели“: Здравко Чолиќ два часа на…
Здравко Чолиќ поминал речиси два часа во…
Виткоф: Тамп е изненаден зошто Иран сè…
Претседателот на САД Доналд Трамп е изненаден…
Мециновиќ: Ќе ни прават „Блекрок“, ќе станеме…
Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ,реагираше на социјалните…
Врховниот лидер на Иран очекува атентат, тој…
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им…
СДСМ: Душан Адамовиќ напиша дека „српска Македонија…
СДСМ на прес-конференција го проблематизира изборот на…