Нема договор меѓу МОН и СОНК: Штрајкот на просветните работници продолжува
„Денес разговаравме, но немаме добри вести за јавноста. Штрајкот ќе продолжи. Немаме конкретно ветување дека зголемувањето на платите ќе биде во одреден процент. Повеќе се зборуваше за продолжување на наставата и како ќе се надополнат часовите. Околу ова имаме ист став дека преговорите треба да се интензивираат. Од таа причина од МОН очекуваме да излезат со конкретен предлог и некаков допис како гаранции“, изјави претседателот на СОНК, Јаким Неделков после состанокот со Министерството за образование и наука околу прекинување на штрајкот и исполнување на барањата на просветните работници.
Според Неделков, сѐ ќе зависи од предлогот на МОН и Владата, кој синдикатот сѐ уште го очекува.
-Сите сме расположени за прекин на штрајкот, но членството треба да одлучи околу таа одлука. Немаме добиено никаков предлог и не можеме да зборуваме за сума. Во правец на наставата се одвиваа разговорите. Ние сме со став дека не треба да се продолжи учебната година, може и во предвидениот рок да се надополнат пропуштените часови, рече Неделков.
Претседателот на СОНК додаде дека министерот Шаќири не знае колку ќе биде покачувањето на платите, но ветил дека ќе се зголемат.
-Продолжуваме со преговори во секое време кога ќе побараат од нас, вели Неделков.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Можно е враќање на средното полициско училиште
Министерството за внатрешни работи вчера, на владина…
По укинување на факултетот на Мерко, можно…
По укинување на приватниот факултет за здравствени…
Ако има место добро, ако не, здравје!…
Реконструкцијата на студентските домови „Стив Наумов“ и…
Ќе се вселуваат само „Гоце“, „Пелагонија“ и…
Според конкурсот за прием на студенти запишани…
Запрен конкурсот за издавање учебници за деветгодишно…
Конкурсот за издавање учебници во деветгодишното основно…