Нема за УКИМ и Државен студентски дом ама Владата дава 34.5 милиони евра за Универзитетот „Мајка Тереза“

34.5 милиони евра за Универзитетот „Мајка Тереза“ одвои Владата на денешната седница.
– Денеска на состанокот на Владата беше усвоена историска одлука, голема инвестиција од 34.5 милиони евра. Го градиме кампусот на Универзитетот Мајка Тереза!
Овој проект не е само изградба, туку и симбол на нашата визија за посветла иднина за младите и нашата земја. Со децении генерациите сонувале за ваков едукативен центар кој ќе го збогати не само знаењето, туку и душата на цела нација. Денес тој сон станува реалност!
Со овој кампус градиме огниште на знаење за идните генерации, давајќи им на младите можност да ја обликуваат иднината на земјата и општеството. – се пофали и првиот вицепремиер Изет Меџити.
Да потсетиме дека студентите годинава ќе се сместуваат само во СД Гоце Делчев, Пелагонија и Сениќ бидејќи студентските домови Кузман Јосифовски Питу и Стив Наумов се затворени делумно веќе неколку години, а од годинава и целосно. И додека децата на функционерите и на лица блиски до функционерите ќе се сместуваат со привилегии, децата на обичниот народ ќе треба да плаќаат огромни суми за кирија во Скопје, или целосно да се откажат од студирање бидејќи нема каде да престојуваат.
Дополнително, вработените во Државниот студентски дом Скопје неколку месеци немаат земено плалта, работат за воздух бидејќи МОН не сака да им исплати средства пред да се вселат студентите за оваа академска година. Луѓето работат без здравствено и пензиско осигурување и без плата, ама за Универзитетот „Мајка Тереза“ има 34.5 милиони евра.
Приоритети се во прашање…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…
Влада: ДПИ за три дена да изврши…
На владината седница се донесе одлука со…
Владата ги донесе законските измени – онлајн…
Влада на денешната 57-ма седница го донесе…
ДПМНЕ го демантира ВМРО од пред три…
Октоподите, бифтеците и папајата на ВМРО-ДПМНЕ изгледа…
(Документи) 24 МИЛИОНИ ЗА МИЦКОСКИ ДА СЕ…
ДВАЕСЕТ МИЛИОНИ денари Владата ќе плаќа за…