Објавено на:

Нема извоз на бензин од 1 април, Русија донесе одлука

t

Русија воведува забрана за извоз на бензин од 1 април.

Русија за некој ден ќе воведе забрана за извоз на бензин за сите учесници на пазарот, вклучително и за производителите, со цел да го заштити домашното снабдување во услови на глобална енергетска криза.

Одлуката е донесена на состанок што го одржал потпретседателот на руската влада, Александар Новак, со раководствата на нафтените компании.

Иако точниот рок на траење не бил официјално утврден, еден од изворите посочува дека забраната би можела да важи до три месеци.

Засега, евентуална забрана за извоз на дизел гориво не е разгледувана.

Претходно, руските власти веќе размислувале за повторно воведување на ваква мерка, додека актуелната забрана за извоз на бензин и дизел важи до 31 јули, но само за оние што не се производители.

Новак претходно изјави дека Русија мора да преземе итни чекори за да обезбеди доволно гориво за домашниот пазар, нагласувајќи дека стабилноста на снабдувањето е приоритет во услови на глобални енергетски предизвици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема извоз на бензин од 1 април,…

Русија воведува забрана за извоз на бензин…

НАЈГОЛЕМИОТ НОСАЧ НА АВИОНИ ВО СВЕТОТ, АМЕРИКАНСКИОТ…

Американскиот носач на авиони „Џералд Р. Форд“,…

Трамп: Куба е следна

„Куба е следна“, изјави американскиот претседател посочувајќи…

СДСМ: Огромно задоволство на граѓаните, дојдовме до…

Дојдовме до вистинските резултати од анкетата што…

Мицкоски: Набрзо реконструкција на Влада, нема да…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска категорично ја отфрли…