Нема индиции дека Русија ќе употреби нуклеарно оружје, вели Белата куќа

Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер денеска изјави дека САД немаат индиции дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје во војната со Украина.
– Ние овде многу сериозно го сфаќаме секое нуклеарно оружје или заканата од нивна употреба, но сакам да кажам дека не видовме причина да го адаптираме нашиот сопствен стратешки нуклеарен став, ниту пак имаме некакви индиции дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје, истакна Жан-Пјер.
Во исто време, неименуван официјален претставник на НАТО изјави дека Алијансата не забележала никакви промени во нуклеарната позиција на Русија.
Не видовме никакви промени во нуклеарната позиција на Русија, но НАТО и сојузниците остануваат будни, посочи тој.
Претседателот на Русија, Владимир Путин во минатонеделното обраќање до нацијата, истакна дека неговата земја има „различни деструктивни оружја“ и дека „ќе ги искористи сите расположливи средства“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Девизните резерви на Русија срушија нов историски…
Девизните резерви на Русија достигнаа 650,4 милијарди…
Макрон: Не е време за укинување на…
Францускиот претседател Емануел Макрон, на денешниот самит…
Голем удар за Русија, хакерски напад го…
Руските медиуми јавуваат за голем хакерски напад…
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…