Нема информации за повредени македонски државјани во несреќата во Грција

t

Во врска со трагичната железничка несреќа, која што синоќа се случила блузу градот Лариса во Грција, известуваме дека досега ниту до Министерство ниту до нашите дипломатско конзуларни претставништва не е стигната информација дека меѓу загинатите или повредените во несреќата има и државјани на Република Македонија, пренесувата од МНР.

Амбасадата на Република Македонија во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во комуникација со надлежните органи во Грција, од каде чекаме и официјални информации за состојбата околу трагичната несреќа.

Министерството останува отворено за реакција на барање на наши државјани, кои поради било какви причини предизвикани од несреќата им е потребна итна асистенција.

Информираме дека нашите контакти се отворени 24 часа, а на располагање се три телефонски броја на нашите дипломатски претставништва во Грција: +30 6655191321 во Атина; +30 6987200410 во Солун; како и СОС телефонот на МНР во Скопје +38975273732.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во сообраќајка во Грција повредено четиричлено семејство…

Четиричлено семејство од Македонија е повредено во…

Турист почина по каснување од пајак во…

Маж кој бил каснат од отровен пајак…

Силен земјотрес во Грција

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според…

Мециновиќ од Левица на состанок во кинеското…

Денес во Министерството за надворешни работи на…

Уште имаат храброст да се жалат! Косовско…

Министерството за надворешни работи и дијаспора на…