Нема истекување, нема ризик – линданот во ОХИС под целосна контрола
Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) вечерва информира дека нема никакво истекување на линдан од поранешниот индустриски комплекс ОХИС, уверувајќи дека процесот на негово чистење се одвива континуирано и безбедно.
„МЖСПП континуирано работи на решавање на еден од најголемите еколошки предизвици во земјата, чистењето на линданот во поранешниот индустриски комплекс ОХИС“, се наведува во соопшптението.
Информираат дека на 22 октомври, во вечерните часови, бил спроведен вонреден инспекциски надзор на локацијата, при што било утврдено дека нема апсолутно никакво истекување на линдан ниту други нарушувања на безбедноста.
Министерството потенцира дека веќе неколку години активно работи на чистење на малиот линдански лот, каде што се постигнати значајни резултати. Паралелно се бараат најсоодветни и одржливи решенија за отпочнување на чистењето и на големиот лот, кој е следна приоритетна фаза во процесот.
„МЖСПП останува целосно посветено на транспарентност, континуиран надзор и безбедно спроведување на сите активности, со единствена цел, создавање почиста, поздрава и побезбедна животна средина за сите граѓани“, се наведува во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема истекување, нема ризик – линданот во…
Министерството за животна средина и просторно планирање…
(Видео) Родителите од Кочани бараат вистината да…
Правдата и вистината да излезат на виделина,…
Мицкоски: Да се остават во минатото луѓето…
На денешниот настан во општина Росоман под…
Мециновиќ: Граѓаните заслужуваат да живеат здрава и…
Синхронизација со централната власт за целосно чистење…
Влада за кандидатот на Влен од Брвеница:…
По Билал Касами и кандидатот на Изет…