Нема кавијар за Британците: Владата забрани увоз на кавијар и луксузни производи од Русија
Велика Британија во рамки на последното проширување на списокот санкции против Москва забрани увоз на кавијар и други луксузни производи од Русија.
Забраната за увоз е проширена и на среброто и производите од дрво, додека за 35 проценти се зголемуваат царинските давачки за дијамантите и гумата увезени од Русија и Белорусија.
„Ја користиме секоја можност да го засилиме притисокот за изолирање на руската економија, овие мерки само значат дополнително затегнување на завртките, затворајќи ги начините за остварување профит за воената машинерија на Владимир Путин“, изјави британската секретарка за меѓународна трговија Ен-Мари Тревелјан. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британец и неговата сопруга пpетеpале мигрант со…
Брачниот пар е обвинет за расистички напад…
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…