„Нема казна што ќе ме помири во овој живот“, – семејствата на жртвите во Рибникар со трогателни изјави
Владимир Кецмановиќ, таткото на момчето што го изврши масакрот во „Рибникар“ е осуден на 14 години и 5 месеци затвор, а неговата мајка Миљана Кецмановиќ на 3 години. Инструкторот од стрелиштето е осуден на 15 месеци затвор оти лажно сведочел, објави српскиот портал Телеграф.рс.
По изречената првостепена пресуда на родителите, дел од членовите на семејствата на убиените ја коментираа судската одлука.
Билјана Пауновиќ, мајка на убиената Адријана Дукиќ изјави дека нема казна што ќе ја помири во овој живот
„Ова е казната за деветте убиени деца и Драган. Тоа го очекувавме, но нема казна, нема пари или збор што ќе нè помири со овој живот. Ова е буквално ништо за ваков вид на криминал. Сите треба да се договориме како да продолжиме, но сигурно нема да застанеме. Навистина ѝ го должам ова на ќерка ми, рече Пауновиќ.
Радица Влаховиќ, сестра на убиениот Драган изјави дека се чувствувала како повторно да го убиле брат му.
– Не очекувавме многу, но се чувствувам како повторно да го убиле мојот брат и сите тие невини деца. Пресудата е таква каква што е и никако не може да биде праведна, бидејќи беа убиени десет невини луѓе, кои беа на вистинското место во вистинско време, а да не зборуваме за повреденото момче, кое се бори за живот. Каква пресуда да очекуваме? Некој ќе продолжи да живее десет, 15 или 20 години. За ова нема праведна пресуда, само што е направен некаков преседан, за да не се повтори, рече Влаговиќ.
Недељко Аќимовиќ, татко на убиената Анџелина изјави дека за нив и доживотна казна би била мала.
„Ние родителите сме осудени доживотно да жалиме, а за нив и доживотна казна би била мала, но нашето кривично право е такво што во моментов имаме законски дупки, кои не дозволуваат казните да бидат построги. Судот ги ценеше доказите и донесе одлука во согласност со нив“, рече Аќимовиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мајка на загината во трагедијата во Кочани…
Мајка на загината во трагедијата во Кочани…
„Деко се криел во скривница додека децата…
Газда Деко се криел доле во скривница…
„Ви укажавме кои се, а не сте…
Ние тука родителите не сме правници, соопштението…
(Фото) Уште хермелини да донесеа – Запленети…
Запленети возила повторно се паркирани пред полициската…
Не ги убивајте нашите деца уште еднаш…
Јавен повик од семејствата на загинатите во…