НЕМА КРАЈ: Цената на нафтата на светските берзи достигна рекордно ниво утринава
Цената на нафтата на лондонскиот пазар утринава изнесува 121 долар по барел. Пред речиси еден месец барелот беше на ниво од околу 110 долари и помалку. Цените на нафтата го забрзаа растот во текот на изминатата недела, бидејќи инвеститорите ги проценуваат изгледите за понудата и побарувачката поради започнувањето на американската летна сезона на возење и излегувањето на Кина од блокадата поради ковид.
Што се однесува до цените на криптовалутите на берзите, вредноста на биткоинот денес е 21.001 долар, што е пад од речиси 8% во споредба со вчера. Другите криптовалути се исто така се во минус.
Добрата вест е што паѓа цената на житарките. Цената на пченицата е 1.050 долари за тон, што е намалување за речиси 2 отсто во однос на вчера. Цената на пченката е 768 долари за тон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цената на нафтата порасна по израелскиот напад…
Цената на суровата нафта во светот порасна…
Ердоган: Откриени нови резерви на нафта во…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави…
Турција откри 20 милијарди барели нафта во…
Турција откри 20 милијарди барели нафта во…
Инцидент во српска рафинерија: Истекоа 82.000 литри…
Околу 82.000 литри нафта се излеале за…
Цените на нафтата се приближуваат до 65…
Цените на нафтата денеска се стабилизираа на…