Нема „Мој ДДВ“ додека не се изгласа ребалансот на Буџетот

t

Додека не се изгласа ребалансот на Буџетот, нема да има исплата на парите од „Мој ДДВ“. Директорката на УЈП, Елена Петрова вели дека со сегашниот Буџет не се предвидени средства за исплата и дека е неопходно да има ребаланс пред да започне исплата на парите за второто тромесечие.

– Би сакала да појаснам дека не е започната исплатата на Мој ДДВ. Оваа информација беше погрешно пренесена. Исплатата ќе започне после ребалансот на Буџетот. Имено, средствата што во Буџетот за 2024 година биле испланирани од претходното раководство за исплата за Мој ДДВ во најголем дел се потрошени или, со други зборови кажано, не биле испланирани доволно средства за овие исплати за цела 2024 година, па треба да се обезбедат средства со ребалансот на Буџетот – објаснува Петрова во интервју за Република.

Ребалансот на Буџетот за 2024 година треба да се изгласа во втората недела од август.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Намалување на ДДВ за струја на…

„Прифаќање на предлогот на СДСМ за намалување на…

(Видео) СДСМ предлага намалување на ДДВ за…

Животот во Македонија станува се поскап, граѓаните…

СДСМ бара итно укинување или намалување на…

СДСМ денеска ја повика Владата итно да…

Вистинската мерка која реално ќе ги намали…

Вистинската мерка која ќе донесе реална корист…

(Видео) Мециновиќ: Новиот буџет е рај за…

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, со денешното…